Вчера, четврток (20 јануари 2011) во скопската Зоолошка градина, почина Менде – бенгалскиот тигар.
Менде, во скопската зоолошка беше донесен минатата година од Зоолошката градина во Битола. Доживеа длабока старост, и почина на неполни 19 години. Просечно бенгалските тигри во природата живеат 8-10 години, додека во заробеништво 16-18. Менде беше еден од најголемите љубимци на посетителите во зоолошката, во изминатите десетина месеци, колку што престојуваше во неа.
Беше доведен за да биде пар со тигрицата Лола, која долги години живееше сама.
Да се надеваме дека Зоо Скопје ќе смогне сили да донесе повторно едно животно од овој вид, со оглед на тоа што истите во природата се во се’ помал број и во изумирање.

Во прилог ви го објавуваме и направениот ветеринарен извештај.
