Порта Македонија со дополнителни содржини

Министерството за култура ја информира јавноста, дека од 6 октомври 2012 година, објектот Порта Македонија е отворен за посетители и истиот расоплага со простории, предвидени за одржување на најразлични културни и деловни манифестации.

Во посебно обликуваниот мултифункционален простор на две нивоа, со површина од 120 м2 и 76 м2, нудиме можност за одржување на конференции, прес-конференции, семинари, билатерални и мултилатерални средби, промоции на книги и сл. Објектот е опремен со ентериер кој може да се адаптира за камерни концерти, изложби, коктели, венчавки и разни прослави, а на располагање вклучува и најсовремена аудио и видео опрема, како и внатрешно обезбедување. Во просториите обезбедуваме 80 места за седење.

Просторот може да се изнајми од час и од ден.
–    За еден час – 6.000,оо  денари, плус ДДВ.
–    За два часа – 10.000,оо денари, плус ДДВ.
–    За три часа – 15.000,оо денари, плус ДДВ.
–    За четири часа – 20.000,оо денари, плус ДДВ.
–    За пет часа – 25.000,оо денари, плус ДДВ.
–    За шест и повеќе часови, односно за цел ден – 30.000,оо денари, плус ДДВ.

Исто така за издавање ја нудиме и отворената тераса (видиковец), со површина од 180 м2, со 100 места за седење. На терасата се поставени два телескопа преку кои посетителите ќе можат да ги разгледуваат знаменитостите на Скопје.

Објектот Порта Македонија, која е навистина уникатна и со својата функција и со својата естетика, нуди навистина убава можност за организирање на  деловни состаноци и други настани во амбиент кој е единствен од ваков тип.
Ги повикуваме сите заинтересирани да дојдат во просториите на Порта Македонија или да се јават на телефон 02-3151-141.

You May Also Like