Зоо Скопје низ бројки

Скопската Зоолошка градина во изминатиот период, претставува вистинско освежување во општествениот и културниот живот на скопјани.

Вложениот труд на раководството на Зоо Скопје резултираше со огромна и до сега незабележана посета. Големиот број на реконструирани живеалишта, новите градби и бројните донесени животински видови, како и отвореноста кон јавноста, заедно со добриот маркетинг, придонесоа оваа институција под капата на Град Скопје, да бележи одлични резултати.

Ви ги презентираме официјалните бројки, за продадени влезници во изминатиот десет годишен период. Евидентен е растот посебно во изминатите 12 месеци кај бројот на посетители, кој во 2010-та година се дуплирал за разлика од претходната 2009-та која пак била најуспешна во изминатите 10 години. Растот може да се забележи, ако се земе во предвид дека за време на викендот се создаваат редици пред билетарата, од по најмалку половина час. Има денови кога има и по 5000 посетители, бројка која некогаш тешко се остварувала и за еден месец.

Трендот на организирани посети почнал уште во 2009-та година и сеуште бележи раст. Убаво би било посетата на Зоо Скопје да стане дел од наставните планови на сите училишта во земјава. Да напоменеме дека во Македонија има уште една Зоолошка градина, тоа е онаа во Битола. Двете зоолошки одлично соработуваат, па за очекување е трендот на разубавување да продолжи и во Битола.

You May Also Like