Македонија го избира својот претставник за Евровизија 2011

На само неколку часа сме до почетокот на овогодинешниот Евросонг 2011 (заб. почнува во 20:00 часот), македонскиот избор за претставник на Евровизија.

Македонската телевизија остана доследна до трендот секоја година да го менува форматот на фестивалот и начинот на гласање, не успевајќи да изнајде модалитет за избор на песна која ќе ги задоволи вкусовите и на македонската, но и европската публика.

Оваа година, музичката понуда делува исклучително слаба. Ниту една од песните не освојува на прво слушање, малку познати и афирмирани имиња и меѓу изведувачите, но и меѓу авторите. Очигледно сите забораваат дека е избор за ПЕСНА, а не изведувач, па суетите на многумина ги натераа да се повлечат од настап на истиот.

Фестивал кој сега за сега не ветува многу, но да оставиме да не изненадат, иако она што се нуди, не дава премногу простор за истото.

You May Also Like