МИА одбележува 21 година постоење

Македонската информативна агенција – МИА денеска одбележува 21 години од основањето односно од одлуката на Собранието со која беше формирана како национална новинска агенција на самостојна Република Македонија.

Заради целосно, навремено и објективно информирање на граѓаните, како и за информирање на меѓународната јавност за активостите на републичките органи и другите субјекти во Републиката се основа јавно претпријатие под името Македонска информативна агенција, стои во основачкиот документ на Законодавниот дом од 18 февруари 1992 година со кој се положи темелот на МИА.

Македонската информативна агенција денес ангажира педесетина новинари за вести и новинари-репортери во редакцијата и триесетина новинари-дописници од Македонија и од странство. Иако по бројот на вработени МИА е меѓу најмалите, според продукцијата е во редот на најпродуктивните новински агенции на Балканот. Секој ден до своите корисници, од сите сервиси и потсервиси емитува од 300 до 350 артикли, што на месечно ниво изнесува околу 10.000 артикли.

You May Also Like