„Поинаков поглед“ во Мала станица

Ретроспективна изложба на фотографии од проектот „Поинаков поглед“, вчера вечер беше отворена во мултимедијалниот центар „Мала станица“. Овој проект бил реализиран во периодот 2007-2010 .

На изложбата се прикажани фотографии на повеќе од 300 млади автори, фотодокументи од активностите опфатени со проектот и фотографии од курсот по модна фотографија. Беше промовиран и документарниот проект “Документ.дете” на авторот Моника Мотеска, реализиран во соработка со ученици од ОУ „Димитар Миладинов“ од Скопје. Изложбата Документ.детее содржи 34 фотографии снимени со тројна експозиција.

Настанот е во организација на Македонскиот центар за фотографија, со поддршка на Швајцарската програма за култура на Западниот Балкан.

You May Also Like