Седум дена Битола ќе ужива во ликовна уметност

Триесеттата меѓународната детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр“ ќе биде oтворена на 23 мај, а публиката ќе може да види 1.237 творби, на ова јубилејно издание.

На ме­ѓу­на­род­ни­от ли­ко­вен кон­курс „Би­то­ла 2011“ оваа го­ди­на учес­тву­ваа 645 учи­ли­шта со вкуп­но 17.950 цр­те­жи од 30 зем­ји.

По по­вод ју­би­ле­јот дет­ско­то ли­ков­но сту­дио „Св. Ки­рил и Ме­то­диј“ ја из­да­де и мо­но­гра­фи­ја­та „30 го­ди­ни Мал би­тол­ски Мон­мартр”, коjа прет­ста­ву­ва збир на го­лем број фо­то­гра­фии и но­ви­нар­ски при­ло­зи по­све­те­ни на ме­ѓу­на­род­на­та дет­ска ли­ков­на ко­ло­ни­ја. Првиот дел од свеченостите ќе се одржи исклучиво на платното пред националната галерија „Монмартр“ (Стара битолска чаршија).

Потоа ќе се открие бистата на неодамна починатиот проф. Д-р Богомил Карлаварис, долгогодишен претседател на меѓунродното жири, доделување на нарадата за животно дело на неодамна починатиот ликовен педагог Моне Георгиев и доделување на наградите на од конкурсот за 29-та светска ликовна изложба и на крај доделување на наградата за “SIMPLY ART” од Хонг-Конг, Кина. Свеченоста ќе биде збогатена со настапот на битолската група „Паркети“.

Автор: Љубица Поповска

You May Also Like