Студент ФМ 92.9 – on line со стриминг

Студент ФМ 92.9 – Универзитетско радио, радиото во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од пред неколку дена е достапно и on line (погледнете најдолу во текстот).

Оваа радио станица, која повторно се отвори во март минатата 2010 година (по пауза од нешто повеќе од една година), сега љубителите на добра музика, ќе може да ја следат и преку своите компјутери.

Студент ФМ 92.9 нуди многу музички, образовни, забавни и контактни емисии, кои се во функција на младите. Ги прати современите музички трендови, но и се грижи за застапеноста на сите музички правци, отстапувајќи доволно простор и на оние кои се  мејнстрим, но и на андерграунд музичките правци.

Доколку сакате да го слушате on line радиото, кликнете ТУКА.

Секако, приклучете се и на фејсбук страницата на радиото.

You May Also Like