„Наука/фикција: патување во центарот на живиот свет“ во Мала станица

Националната галерија на Македонија, Мултимедијален центар Мала станица, на 19 мај 2011 (четврток), во 20:30 часот, ќе се отвори изложбата „Наука/фикција: патување во центарот на живиот свет“. Изложбата претставува можност да се погледне еден несекојдневен спој  на науката и фикцијата, на реалноста и имагинацијата.

Во 29-те дела од изложбата „Наука/фикција: патување во срцето на живиот свет“  се испреплетуваат научни фотографии од банката на фотографии на ИНСЕРМ (Национален институт за научни истражувања на Франција) и стари графики, кои ги илустрирале романите на Жил Верн (1828-1905).

Искористените научни фотографии ги покриваат тематиките на истражувања на ИНСЕРМ: неврологија, рак, имунологија. Мистериозни лавиринти, светлечки топки, темни отвори, импозантни спирали, кодирани букви… Од каде доаѓаат овие енигматски слики?

Од центарот на живиот свет, виден под микроскопска лупа, како и од делата н Жил Верн. Овие фотомонтажи, изработени од  иконографот Ерик Деос, во еден изложбен простор му даваат можност на посетителот за педагошко и забавно патување.

На секое пано, легендата дава објаснување за необичниот спој на фикцијата и науката. Како што ќе рече францускиот писател Бернар Вербер: “Науката е место каде нештата се раздвижуваат и тоа ќе го смени светот; Фикцијата е доказ дека реалноста не е кочница и таа може да се оди зад науката. Треба да ја изненадиме науката, бидејќи таа, исто така, претставува забава”.

Оваа оргинална изложба ќе биде отворена од стана на г-ѓа Маја Крстевска, директорка на Националната галерија на Македонија, и Н.Е. г-дин Жан-Клод Шлумберже, Амбасадор на Франција.

Изложбата ќе биде отворена до 30 мај 2011 година.

You May Also Like