Автокиното привремено одложено

Со големо жалење принудени сме да ве информираме дека, поради нестабилните и променливи временски услови, и најави за обилен дожд и грмотевици кои ни ги предочуваат од Управата за хидрометеоролошки работи,  авто киното кое го најавивме за овој викенд ќе мора да го одложиме за кус период.

И покрај нашата голема желба, труд, енергија и финансиски средства, сепак во интерес на заштита на скапата софистицирана техника која е обезбедена специјално за овој настан, приморани сме светската премиера на култниот „Пиратите од Кариби 4“ да ја одржиме во градското кино Милениум. Со почеток во: 20:00 и 22:30.

Дотогаш ви ветуваме дека како што првично најавивме, веднаш по стабилизирањето на временските услови, „љубовното кино“ ќе го реализираме на просторот кај спортскиот центар „Борис Трајковски“.

You May Also Like