Во галеријата Остен, на 31 март 2011 г. (четврток) во 12 часот, ќе се одржи прес конференција за изложбата „ПРВОАПРИЛСКИ ХА, ХА , ХА!“ на карикатуристи од Бугарија и Македонија.
Изложбата се организира во соработка со Културно – информативен центар на Бугарија во Скопје.
На изложбата ќе се претстават 8 карикатуристи од Бугарија и Македонија:
– Дарко Марковиќ
– Мице Јанкуловски
– Драган Поповски
– Мирослав Георгиевски Миро
– Алла и Чавдар Георгиеви
– Мирослав Георгиевски Миро
– Љубомир Михајлов
Во прилог објавуваме дел од многуте карикатури кои ќе бидат изложени во галеријата и во каталогот.