Второ издание на “Taste The South – Вкуси го југот” фестивал во Гевгелија

По успешното, минатогодишно, прво издание на фестивалот “Taste The South- ВКУСИ ГО ЈУГОТ” фестивалот во Гевгелија го најавува своето второ издание.

Овој пат локацијата е на паркингот на новиот пазар Сава Михајлов, а датите на оддржување се 13-ти, 14-ти и 15-ти септември.

Вкусна домашна храна, пијалоци и специјалитети од југот на Македонија ќе бидат достапни за дегустирање низ богатата културно-уметничка програма, за која ќе ве информираме во деновите што следат.

Гевгелија се вклучува на мапата на фестивалски градови во Македонија, а фестивалот “Taste The South – ВКУСИ ГО ЈУГОТ” во Гевгелија еден препознатлив бренд на градот со голема перспектива да стане традиционален и регионален.

Очекувајте добра забава и повелете во Гевгелија да го вкусите и доживеете југот.

You May Also Like