Водечкиот светски продуцент и диџеј, Пол Калкбренер (Paul Kalkbrenner) пристигнува во белградската Арена, во организација на „Егзит“ Фестивал и „Тумороу“ конференцијата, во петок, 12 мај. Оваа мегаѕвезда на електронската музика, покрај полните стадиони и најголемите концертни сали во Европа, има запишано и настап пред повеќе од пола милион луѓе во Берлин, што гарантира дека спектаклот во големата „Штарк Арена“ ќе биде една од најбараните журка оваа година во регионов, во ранг на најголемите рок концерти!
Овој втор по ред „EXIT Dance Arena Belgrade Takeover“, воедно ќе го отвори и новото издание на „Тумороу“ (Tomorrow) конференцијата, која по Дубаи се враќа во Белград, овој пат во најголемата сала во Југоисточна Европа. „Егзит“ со ова продолжува и да ги подготвува фановите за едно од најсилните изданија на „Денс Арена“ на овогодишниот „Егзит“ Фестивал, по успешната журка минатиот викенд, на која 5.000 фанови танцуваа со „Хот Синс 82“ (Hot Since 82).
Продажбата на влезниците за настапот на Пол Калкбренер во „Штарк Арена“ е веќе започната од денеска, понеделник, 3 април на пладне! Во понудата ќе се најдат регуларни, ВИП и „ВИП+ Он-стејџ“ влезници и се очекува дека првиот, многу ограничен контингент, ќе биде распродаден за само неколку часа!
Пол Калкбренер спаѓа во глобално обожаваните изведувачи на електронската музика, а оваа љубов тој посебно ја возвараќа на посетителите на Егзит. Тој специјален однос се потврди и во 2021 година, кога на Денс Арена премиерно ја пушти песната „Si Soy Fuego“, а спотот за неа го сними токму во Нови Сад и на Егзит, каде што настапи прв пат по 18 месеци пауза за време на пандемијата. Дека и публиката со задоволство се навраќа на настапот на Калкбренер, се гледа по тоа што таа снимка е најгледаното видео на Егзитовиот канал на „ЈуТјуб“, со речиси пет милиони прегледувања.
Песните на Пол Калкбренер ги надминуваат музичките жанрови и се вбројуваат во класиците на сите времиња. „Aaron“, „Feed Your Head“ (ремикс на „White Rabbit“), „No Goodbye“, „Sky And Sand“ или „Si Soy Fuego“ ја покажаа неговата способност да ги претопи разликите во музичките вкусови и на тој начин на настапите да привлече повеќе дестици илјади луѓе. Сетовите редовно ги „зачинува“ со своите ремек-дела, кои уште сега имаат репутација на евергрини меѓу електронските песни. „Sky And Sand“ има посебна вредност како палтинеста нумера која беше на врвовите на топ листите.
„Berlin Calling“, филмот од 2008 година во кој глумеше, како и истоимениот албум, претставуваат библија за електронската музика и култура, истовремено отворајќи важни прашања за начинот на живот на диџеите. Автентичен во творештвото и во однесувањето, во родната Германија стана истакната личност на културниот живот, а тоа го демонстрираше и со тоа што беше повикан да настапи на обележувањето на 25 годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, пред повеќе од пола милион луѓе! Затоа за музичар од овој калибар, една од најголемите арени во регионот е природно опкружување, како што таа претходно беше и за Кемикал Брадерс, Андерворлд, Фетбој Слим и Крафтверк. Ова шоу е воедно и посебна прилика да се присуствува на еден аудио–визуелно надмоќен настан, кој во нашиов регион ретко се случува.
Продажбата на влезниците за настапот на Пол Калкбренер во „Штарк Арена“ почнува на 3 април на пладне. Влезниците ќе може да се купат онлајн на сајтот на Егзит.
По спектакуларното деби овој февруари во Дубаи пред повеќе од 12.000 учесници, еден од најголемите технолошки настани во Европа – „Тумороу“ конференцијата – закажува настан за повеќе од 10.000 љубители на блокчејн, гејминг, метаверс и вештачката интелигенција, од 12 до 14 мај 2023 година во Штарк Арена.