Џезот е првата вистинска автохтона уметничка форма на САД. Толку многу што во 1987 година Конгресот на САД усвои резолуција прогласувајќи го џезот како американско национално богатство.
Афроамериканците ги смислија главните елементи на џезот во годините на неговиот развој и беа главните пионери на стилските промени во подоцнежните децении. Со еволуцијата на џезот, дојде да тој ја симоболизира културната борба на афроамериканците и подоцна помеѓу модернистите и традиционалистите со периодот на 1920-тите во Американската историја потоа именуван како „епохата на џезот“.
Денес, џезот е универзален. Се изведува, иновира, и слуша од страна на луѓето во целиот свет од буквално секоја етничка припадност, религија и култура. Одраз е на светот кој станува сè помал и, можеби, на планетата, со најдобри намери осмислен стремеж да ги донесе народите заедно. Држејќи се кон ова, Џез работилницата на Mузичко училиште од Њујорк; Фондацијата Аполонија; Институтот за проучување на европски мали држави и Скопскиот џез-фестивал соработуваат заедно со цел да се донесе американското џез искуство во Скопје, Македонија, во форма на џез “ателје”, на “Аполонија џез работилница” која ќе се одржи во малата сала на ФМУ – Факултетот за музичка уметност во Скопје, на 18-ти и 19-ти октомври, 2014 година.
Џез работилница е првиот настан од “Аполонија џез проектот” – серија настани кои имаат за цел да обезбедат од прва рака, водени средби за овие групи со оригиналната американска уметничка форма на џез музиката. Иницијативата е изградена околу темата на “поврзување преку учество“.
“Аполонија џез работилницата” е дводневен настан, со “ателје” учество, кое им нуди на локалните заедници можност да ги откријат, врз принципот еден-на-еден, најзначајните примери за богатите и разновидни форми на изразување кои ја обликуваат американската култура; на типична американска уметничка форма на џезот.
Аполонија Џез работилница е заедничка иницијатива која здружи врвни џез познавачи и професионалци од повеќе локации од светот. Соработници во овогодинешниот настан се Џез работилницата на Mузичкото училиште во Њујорк, Фондацијата Аполонија во Гевгелија, Институтот за проучување на европски мали држави во Монако, средното музичко училиште “Илија Николовски – Луј”, Скопје, Факултетот за музика уметност во Скопје, џез одделот на Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип, и Скопскиот џез-фестивал. Покрај тоа, на работилницата ќе учествуваат и џез-гитаристот, композитор и педагог, Тони Китановски, како и џез гитаристот, пејач и композитор Владимир Четкар.
Оваа година „Аполонија џез проектот“ ќе се состои од дводневен семинар, работилница, и настапи предводени од Марк Moмас од Њујорк џез работилницата (NYJW). (NYJW) Њујорк џез работилницата е музичко училиште за џез основано од локалната зедница, кое се наоѓа во Њујорк и е основано од страна на г-дин Момас, заедно со џез претприемачот Марко Чело. “Марк и јас сфативме дека надвор од големите универзитети и конзерваториуми, имаше многу малку можности за љубителите на музиката да учат со инструктори од светска класа, свират во групи, и да уживаат во чувството дека се дел од една џез заедница; Њујорк џез работилница ја создава таа врска”, вели г-дин Чело.
Директорот на Фондацијата Аполонија г-дин Ацо Ристовски вели: “Ние сме многу среќни да поддржиме иницијатива како што е оваа, особено бидејќи е фокусирана на развој на младите од Македонија и јакнење на нашите културни односи со САД. Во Фондацијата Аполонија се надеваме да ја прошириме нашата поддршка кон уметноста преку овој културен настан.“
Во оваа работилница како партнер се вклучува и Скопскиот џез-фестивал, впрочем и настанот се одвива во неделата на Скопскиот џез фестивал, од 16-ти до 19-ти Октомври. Скопскиот џез фестивал е еден од водечките музички настани во Република Македонија, со традиција која трае триесет и две години. Фестивалот, основан во 1982 година, вклучува настапи на врвни таленти од Северна Америка, Латинска Америка, Африка и европската џез-сцена. Скопскиот џез-фестивал е член на Европската џез мрежа.
Мисијата на Њујорк џез работилницата е да создаде можности за музичари со различни потекла и способности да научат и да свират џез и сродни облици на модерната музика, под водство на факултет од светска класа. Поголемиот дел од членовите на факултетот се светски познати музичари, исто така, поврзани со реномирани конзерваториуми и универзитети, како што е Универзитетот Њујорк, Универзитетот Колумбија, Факултетот за музичка уметност на Менхетен и Џулиард.
Г-дин Moмас ја развива „Аполонија џез работилницата“ за да ги запознае заинтересираните ученици и студенти по музика и македонската јавност за неговиот посебен стил на американска џез импровизација и теорија. ние им обезбедуваме на студентите речник и разбирање на џез музичката теорија, што е потребно за да започнете импровизации со убедување и музицирање. Студентите кои имаат малку или многу познавање на џез историјата и теоријата ќе добијат вредно искуство свирејќи со професионалци кои учествуваат во овој настан. Заедно тие ќе истражуваат различни џез хармонични, мелодични и ритмички елементи преку употреба на групна импровизација и стандардни мелодии и прогресии.
Работилницата е дизајнирана дана почетниците им ја открие историјата на џезот, слушање, сесија и заеднички настап во првиот ден, унапредување на импровизацијата и напредна теорија во вториот ден. Основите на џез мелодијата, хармонијата, бас, и ритам ќе бидат истражени преку интерактивна групна импровизација, преку скали, акорди, линеарни и хармонични секвенци, пејачки форми, метри, жлебови и чувства, изразувањето, артикулација, и многу повеќе. Г-дин Moмас верува дека ќе се олесни растот на студентите како џез музичари доколку станат остроумни слушатели, набљудувачи и учесници.
Настанот е бесплатен и отворен за јавноста. Бидејќи бројот на учесници е ограничен потребно е да се направи резервација со контактирање на Фондацијата Аполонија од Гевгелија на телефон +389 (0) 34 211 911 или на e-mail fondacija@apollonia.com.mk.