Автопортрети на Ирена Мила

Ви претставуваме една млада македонска уметница, Ирена Мила. Со уметничка фотографија се занимава веќе неколку години, а изложувала во Куманово, во Штип и во Индија. Во моментов престојува во Шведска каде што го продолжи своето образование и активно твори.

Погледнете го овој албум со автопортрети, а доколку сакате да погледнете нешто повеќе од неа, посетете ги нејзините профили на Flickr и на Devianart.

– When words become unclear, I shall focus with photographs.  When images become inadequate, I shall be content with silence.

Ansel Adams

– Едноставно е невозможно да се престане со само едно разгледување на нејзиното портфолио. Ирена Мила има неверојатна моќ преку своите фотографии целосно да те обземе и да те направи зависен од нив. Една од ретките фотографи која може да долови безвременско чувство на секоја фотографија. Со секое навраќање, нив ги чувтвувате се поблиски до вас. Светлината, тоновите и таа интимна поврзаност која што ја има воспоставено со објективот само ја надополнуваат нејзината уникатност, а смиреноста и тишината полека ги обземаат сите ваши сетила. Не секој ја има способноста да те внесе до тој степен во неговата фотографија што на моменти ти се менува и ритамот на дишење. Ирена е неверојатна девојка со уште поневеројатна способност преку нејзините авторпортрети да ги маѓепса вашите очи и ум. Се понатаму што ќе разгледате, ќе биде многу потешко да го споредите со нејзините дела.

Elena Fıdanşka


You May Also Like