Од понеделник (24.07.2011) нов филм на репертоарот на Градско кино Милениум. Ви ги претставуваме филмовите кои се на програмата:
Почеток на претставите: секој ден од 20:00 и 22:30 часот
Наслов на филмот: „ Хана “
Наслов на оригиналот: “Hanna”
Земја на потекло: САД
Жанр: Акција, хорор
Времетраење на филмот: 111 минути
Режија: Џо Врајт
Улоги: Сојрс Ронан, Кејт Бланшет и Ерик Бана
Содржина:
Хана (Ронан) е тинејџерка. Невообичаено за неа е што таа има сила, издржливост и интелегенција на војник; особини на кои ја воспитал нејзиниот татко (Бана) – поранешен агент на ЦИА, во дивините на Финска. Живеејќи живот кој не е типичен за останатите тинејџери, нејзиното воспитување и тренинг се посветени на една единствена цел – да создадат од неа совршен атентатор.
Пресвртната точка во нејзината адолесценција, на која ја испраќа нејизниот татко. Хана во Европа, брзо решавајќи се од агентите испратени по неа од страна на немилосрдниот интелегентен оперативец со свои тајни ( Бланшет). Како таа се наближува кон својата крајна цел, Хана се соочува со изненадувачки откритиа за неа и нејзиното постоење како и со неочекувани прашања во врска со нејзиното потекло.
_________________________________________________
Почеток на претставите:
Од понеделник до петок 13:00 и 17:30 часот;
Сабота и недела 15:00 и 17:30 часот
Наслов на филмот: „ Свештеник “
Наслов на оригиналот: “Priest “
Жанр: Акција, трилер
Земја на потекло: САД
Времетраење на филмот: 87 минути
Режија: Scott Charles Stewart
Улоги: Paul Bettany, Cam Gigandet and Maggie Q
Содржина:
Пост-апокалиптичен научно фантастичен трилер, сместен во еден друг свет, свет во кој со векови трае крвава војна помеѓу луѓето и вампирите. Приказната се одвива околу легендарниот Воин Свештеник (Пол Бетани) од минатата Војна со Вампирите кој сега живее повлечено во еден од малите градови со високи ѕидини, контролирани од црквата.
Кога неговата внука ќе биде киднапирана од една банда на вампири, Свештеникот го прекинува својот свет завет и тргнува во потрага по неа пред тие да ја претворат во една од нив. Му се придружуваат момчето на внука му (Кам Гигандет), млад локален шериф-пиштолџија и поранешна Свештеничка (Меги Кју) која поседува натприродни борбени вештини.
_________________________________________________
Европски филм
Почеток на претставите: Од понеделник до петок во 15:00 часот
Наслов на филмот: „Влез во празнина“
Наслов на оргиналот: “Enter the Void”
Жанр: Драма
Земја на потекло: Франција
Времетраење на филмот: 161 минути
Режија: Gasper Noe
Улоги: Nathaniel Brown, Paz de la Huerta, Cyril Roy
Содржина:
„Enter the Void“ е филм што се занимава со младиот Американец кој живее во Токио и препродава синтетички дроги. Во првиот дел на филмот ги следиме неговите последни часови, до мигот кога полициската заседа ќе го застрела во тоалетот. Потоа филмот ја следи неговата агонија во која – како што се вели – “животот му прелетува пред очите“, а во третиот дел од субјективната перспектива на неговиот дух следиме што се случува со останатите ликови „на земјата“.
Самото тоа што филмот е раскажан од гледна точка на мртовец е доволно бизарно, но уште повеќе зачудува режијата на Ноа. Првиот и третиот дел на филмот се состојат од два 45-минутни кадри, при што првиот вклучува и делириум под дејство на трип, а последниот се состои од камера која лебди над Токио, се крева кон небото, а потоа се нурнува во урна, ВЦ шолја, вагина. Ноe практично ги екранизирал смртта и реинкарнацијата, и тоа низ спектакуларна и апстрактна визуелна поезија која многу повеќе има врска со Рембо отколку со естетиката на филмот.
_________________________________________________
Почеток на претставите: Сабота и Недела:11:00 и 13:00 часот
Наслов на филмот: „Мечето Вини“
Наслов на оригиналот: “Winnie the Pooh”
Жанр: Анимација, комедија, авантура
Земја на потекло: САД
Времетраење на филмот: 69 мин.
Режија: Stephen J. Anderson, Don Hall
Улоги: Jim Cummings, Craig Ferguson и John Cleese
Содржина:
Едно утро мечето Вини дознава дека нема веќе мед. Кога ќе излезе во потрага по мед, тој го пронаоѓа магарето кое што си ја загубило својата опашка. Вини и магарето бараат помош од бувот за да ја пронајдат опашката. Кога тоа ќе го дознае Кристофер Робин тој веднаш ќе одржи натпреварување за да му се направи нова опашка на магарето и победникот да биде награден.
Следниот ден, кога Вини оди да го посети Кристофер Робин тој пронаоѓа порака во која пишува “Bizy. Back Soon”. Неможејќи да ја прочита, Вини го замолува бувот да им ја прочита пораката на животните. Тој погрешно ќе ја дешифрира пораката и така сите ќе бидат убедени дека Кристофер Робин бил изеден од свирепо суштество по име Бексон. Животните прават стапица за да го уловат Бексон, но тие самите се заглавуваат во неа.
Во меѓувреме тигарот го подучува магарето за да стане како него, но магарето му објаснува дека чудесната работа кај тигрите е тоа што тој е единствениот. Прасето се обидува да ги извади животните од замката, но не успева бидејќи е многу исплашен.
Вешто, мечето Вини ќе ги искористи зборовите од книгата со приказни за да направи скала така што сите ќе можат да се извлечат.
Подоцна, мечето Вини го посетува бувот и дознава дека тој ја зел опашката и ја користел како јаже за ѕвончето на неговата врата. Наместо да седи и јаде мед кај бувот, Вини веднаш оди кај магарето.
Кристофер Робин, горд на добрите постапки на мечето Вини го наградува со сад полн со мед.
_________________________________________________
Билетите за проекциите можат да се купат на касата на Кино Милениум, секој ден од 10:30 до 22:30 часот, по цена од 150 денари.
Се гледаме во Градско кино МИЛЕНИУМ