Друштвото за македонско-хрватско пријателство и соработка викендов во Народен театар-Битола ќе гостува Хрватскиот народен театар (ХНК) од Вараждин.
Претставата „Ја сакам Њофра“ во режија на Стоја Матавуљ ќе биде денес изведена, а монодрамата „Семејство во прав“ во режија на Само М. Стрелец ќе се изведува во понеделник, во која ќе настапи актерката Јагода Краљ Новак.
– Соработката на уметниците од Битола со нивните колеги од Хрватска ќе ја интензивираме и во наредниот период. Во мај во Битола ќе настапи женскиот хор од Шибеник, во план се повеќе настапи на фолклорни групи и заеднички концерти од двете држави, нормално, да не ги заборавиме и гостувањата на уметници од овој град во Хрватска – најави Бранко Маретиќ, почесен конзул на Хрватска во Битола.
Годинава во Хрватска ќе настапат мандолинскиот оркестар на КУД „Стив Наумов“, како и фолклорниот ансамбл на КУД „Илинден“-Битола според програмата за културна размена.
Автор: Љубица Поповска