Премиерата на детската театарска претстава “Концерт”, ќе се случи во Петок (27.05) во 13.00 часот, во салата на кино Фросина, во Младинскиот културен центар.
Претставата произлезе како производ од театарската работилница Т-Тим, која се реализираше во периодот од февруари до мај оваа година во Детскиот креативен центар (во МКЦ).
Во претставата играат деца (7 – 14 год.) кои ја посетуваа работилницата во изминативе четири месеци, а истата е креирана по текст на самите учесници. Во претставата се говори на дури пет јазици.
Претставата е во продукција на Центарот за драмски уметности Т-Хаус, во соработка со Младинскиот културен центар. Проектот е поддржан од Американската амбасада, како и со грант од програмата CIVICA, имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC.
Покрај премиерната изведба, претставата ќе доживее изведби и во неколку училишта во град Скопје.
Влезот за сите изведби на претставата е бесплатен.