26 јули 1963 – 2011 годишнина од катастрофалниот земјотрес

По повод одбележувањето на 48 годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, што се случи на 26 јули 1963, утре (вторник, 26 јули 2011 година), на Градските гробишта Бутел, во 10:00 часот, домашни и странски делегации ќе положат цвеќе пред Споменикот на загинатите во земјотресот.

Еден час пред тоа, во 9:00 часот, во Трговскиот центар „Соравиа“, ќе почне Традиционалната крводарителска акција на Црвен крст на град Скопје, што ќе трае до 17:00 часот, а во населбата М. А. Ченто, во 18:00 часот ќе биде откриена скулптура во „SUOMI“ паркот.

Вечерта, во Музејот на Град Скопје, во 21часот, ќе биде отворена изложба со наслов „СРЕДБА НА СОЛИДАРНОСТА 1964-1973“, а камерен концерт, ќе одржи гудачкиот квартет – Four strings.

Изложбата „Средби на солидарноста“ 1964 – 1973, ги опфаќа Средбите на солидарноста, почнувајќи од првата во 1964 година, како и спортските настани од светско значење организирани во Скопје во почетокот на 70-те години на 20 век, а кои се во знакот на солидарноста. Автор на изложбата е Зоја Богдановска, виш кустос историчар.

You May Also Like