Огнено незаборавно шоу на Acid Triple – жонглерска група, вечер (понеделник, 25 јули) со почеток во 21:30 часот, на Широк Сокак и на плоштадот Магнолија.
Acid Triple е жонглерска група составена од три луди артисти, кои си играат со оган на секој можен начин.
Acid Triple е жонглерска група која активно работи од 2001 година. Составена од изведувачи кои сакаат екстремни начини на изразување. Нивните перформанси претставуваат комбинација на жонглирање со оган, акробации и “fire magic”- огнена магија (илузии).
Во 2005 година Acid Triple влегува под закрила на УМКА Битола. Настапувале низ Црна Гора, Србија, Б и Х, Хрватска, Грција, Романија, Чешка и Луксембург. Секаде оставајќи уникатен впечаток со екстремниот пристап. Претстави каде адреналинот расте и кај изведувачите и кај публиката.
Огнено доживување кое сите ги остава без збор.