Свеченото oтворање на шестото издание на Битолскиот Фестивал – БИТ ФЕСТ – 2011 година, поради временски причини, ќе се одржи во Големата Сала при Националната Институција Центар за Култура – Битола, во 21:00 часот. Настанот кој традиционално се оджува на античкиот театар во Хераклеа, со променета локација поради нестабилното време.
Програма музички теми од: „2046“, „Кум“, „Плачот на виолината“, „ Птиците умираат пеејки“, „Прашина“, „Кога лисјата паѓаат“, Ѓумуш и други, во изведба на Гудачки камерен оркестар Арко, со диригент Ерхан Шукри со солистите: Ибрахим Џенгиз, Али Шибли и Бајса.
Повелете во Центарот за култура во 21:00 часот, слободен влез.