
Зоолошка градина во Скопје, изминатиот викенд се збогати со шест нови животни. Донесени се два меркати, два муфлони, еден црн лебед и еден питон.
Сите животни пристигнаа викендов од Зоолошката градина во Белград и сите се сместени во своите нови живеалиштата.
Инаку, во Зоолошката градина започна акцијата за посвојување на животни. Компанијата Сивус е посвоител на јагуарите, а Тобако на рисовите. Тие во наредниот период ќе се грижат за нив.