Канческа – Милевска на отворањето на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура

Министерот за култура Елизабета Канческа – Милевска утре (понеделник, 27 јуни 2011 година) во 10:00 часот, во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид, ќе се обрати на отворањето на 44 Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.

На Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура ќе учествуваат слависти, македонисти, балканисти, историчари, етнолози, универзитетски професори, научни работници, преведувачи и студенти по македонистика, славистика и по балканистика од 24 земји од светот.

You May Also Like