Ви го претставуваме тековниот кино репертоар на Градското кино Милениум. Уживајте во филмовите кои ви се понудени и читајте cOoLTuRa.mk ! 😉

„Црниот Лебед“
Почеток на претставите 20:00; 22:30
Наслов на филмот: „Црниот Лебед“
Наслов на оригиналот: “Black Swan“
Жанр: Драма, Мистерија, Трилер
Земја на потекло: САД
Времетраење на филмот: 108 минути
Режија: Дарен Аронофски
Улоги: Натали Портман, Винсент Касел, Мила Кунис, Винона Рајдер
Содржина:
„Црниот Лебед“ (2010) е филм на еден од најсовремените американски режисери Дарен Аронофски, познат по филмовите: „Пи“, „Реквием за еден сон“ и „Борачот“. Во главните улоги се добитникот на наградата Златен Глобус, Натали Портман, Винсент Касел и Мила Кунис. Опишан како психолошки трилер или психолошки хорор филм, сценариото се развива околу подготвувањето на претставата „Лебедово Езеро“ од Њујоршкиот Градски балет.
За реализацијата на проектот потребна е балерина која истовремено ќе може да ја игра улогата на невиниот „Бел Лебед“ како и на сензуалниот, „Црниот Лебед“. Една од балерините, Нина (Натали Портман), е совршена за улогата на „Белиот Лебед“ додека Лили (Мила Кунис) е карактерна девојка која одлично се вклопува во улогата на „Црниот Лебед“… Преку натпреварувањето за тоа кој ќе ја добие улогата, Нина ја открива својата темна страна. Аронофски својата верзија ја засновува на сценариото врз приказната за балетот „Лебедово езеро“ од Чајковски со нереализирано сценарио за вторите постави во балетската претстава, како и чувството на прогонување од страна на митолошките фолклорни суштества кои имаат двоен карактер.
Режисерот смета дека филмот е своевиден придружник на филмот „Борачот“ (2008) бидејќи и двата филма имаат потреба од голем актерски ангажман за различен вид на уметност. Аронофски за прв пат заедно со Портман го дискутираат концептот на филмот во 2000та, каде по потпишувањето на договорот со Universal pictures, „Црниот Лебед“ (2010) е снимен во Њујорк во 2009та од страна на Fox searchlight pictures. Портман и Кунис за актерскиот ангажман вежбале балет неколку месецi пред да започнат со снимање на филмот. Филмот ја доживува својата премиера на 67-миот Меѓународен Филмски Фестивал во Венеција. Сите светски филмски критичари го сврстуваат „Црниот Лебед“ како еден од најгледаните филмови во 2010.
___________________________________
„ Хрониките на Нарнија: Патувањето на Јавачот на Зората “
Почеток на претставите Од понеделник до петок 13:00; Сабота и недела 15:00
Наслов на филмот:
„Хрониките на Нарнија: Патувањето на Јавачот на Зората”
Наслов на оригиналот:
“The Chronicles of Narnia“: The Voyage of the Dawn Treader “
Жанр: Драма
Земја на потекло: САД
Времетраење на филмот: 127 минути
Режија: Мајкл Апдет
Улоги: Џорџи Хенли, Скандар Кејнз, Бен Барнс
Содржина:
„Хрониките на Нарнија“ – култниот фантастичен серијал во седум делови на К.С. Луис (C.S. Lewis) за имаганирната земја Нарнија. Пишуван во период од 15 години, помеѓу 1939 и 1954 се смета за класика како на литературата за деца така и на епската фантастика. „Хрониките на Нарнија“ (“The Chronicles of Narnia“: The Voyage of the Dawn Treader) е третото продложение (од планираните седум) на филмската адаптација на серијалот. Овој дел е режиран од британскиот режисер Мајкл Аптед (Michael Apted), познат како режисерот на деветнаесетиот филм со Џејмс Бонд „Светот не е доволен“.
Во ова продолжение ги следиме главните протагонисти Едмунд и Луси како повторно се враќаат во Нарнија заедно со нивниот братучед Јустис, преку сликата на брод каде повторно се среќаваат со Каспиан (еден од главните ликови од минатиот дел). Тој, сега е Крал на Нарниа. Бродот го има изградено Каспиан за да ги пронајде седумте лордови, кои неговиот злобен вујко ги има протерано кога го узурпирал тронот. Филмот го следи епското патешествие на главните ликови низ фантастичната земја на Нарниа, во обид да ја спасат од злобниот владетел.
_________________________________
Почеток на претставите Од понеделник до петок во 15:00 часот
Европски филм
Наслов на филмот: „Дива трева“
Наслов на оригиналот: “Wild Grass“
Жанр: драма, комедија
Земја на потекло: Франција
Времетраење на филмот: 100 минути
Режија: Ален Расне
Улоги: Андре Дусолиер, Сабина Азема
Содржина:
Еден изгубен па, повторно пронаjден паричник ги отвoра вратите за романтична авантура на Џорџ и Маргарита. Откако ќе ги прегледа личните податоци на сопственикот на паричникот, Џорџ сфаќа дека не е толку едноставно предавањето на истиот во полиција. Маргарита пак, од друга страна, не може да го подигне паричникот без да провери кој го пријавил во полиција. Откако формално ќе си разменат благодарност за убавото дело, во нивните секојдневни монотони животи настанува вртоглава турбуленција.
_________________________________
„ Ова не е американски филм „
Почеток на претставите 17:30
Наслов на филмот: „Ова не е американски филм”
Наслов на оригиналот: “This Is Not an American Movie”
Жанр: Акција
Земја на потекло: Македонија
Времетраење на филмот:
Режија: Сашо Павловски
Улоги:
Сенко Велинов, Игор Ангелов, Никола Ристановски, Кај Еванс
Содржина:
Големиот шеф е средовечен човек, водач на банда ситни криминалци, коишто живеат од ситен криминал. Додека тој и неговата банда сонуваат за гламур, нивниот живот е исполнет со беда, пиење бесконечно многу кафиња и приказни за американските филмови. Шефот како и останатите членови на бандата имаат посебни филмски моќи, со кои можат да влијаат на филмот.
Но шефот е на умирање. Сепак спасителот наскоро пристигнува од Америка: една млада жена, Маја, која се враќа во својата татковина. Подготвена и школувана за правење филмови во Америка, таа им ги нуди своите услуги на шефот и неговата скептична банда заедно со план за голем грабеж. Нивниот план е да се преправаат дека се снима филм со цел да се добие пристап до Америкаската Амбасада во Скопје. И конечно, кога стигнуваат до тајната просторија во Амбасадата, која е седум спрата под земја, ги чека непријатно изненадување.
„Ова не е американски филм“ е дебитански филм на Сашо Павловски, според драмскиот текст на Сашо Миленковски, кое Павловски во одлична соработка со чешкот сценарист Павеј Јех (декан на ФАМУ) го преработија во филмско сценарио. Продуцент е Дејан Илиев, директор на фотографија Дејан Димески, арт директор Игор Тошевски Во филмот играат познатите македонски актери: Сенко Велинов, Игор Ангелов, Славиша Каевски, Ѓорѓи Јолевски, Златко Митревски, Кај Еванс, Тони Наумовски, Никола Ристановски.
Долго очекуваниот „Ова не е американски филм“ е вистинско освежување на македонската филмска сцена и гарантирано ќе ја оправда споредбата со големите Гај Ричи и Тарантино, на чиј стил и припаѓа. Ова е еден од „оние“ филмови чии реплики остануваат долго и се дел од секој разговор. Убаво е да се види како најдобрите македонски актери собрани на едно место успеваат да направат нешто забавно, авантуристично, урбано а сепак светско.
_________________________________
„Приказна за играчките 3“
Почеток на претставите Сабота и Недела: 11:00; 13:00
Наслов на филмот: „Приказна за играчките 3“
Наслов на оригиналот: “Toy story 3”
Жанр: Компјутерски анимиран филм
Земја на потекло: САД
Времетраење на филмот: 81 мин.
Режија: Лее Ункрич
Улоги: Том Хенкс, Тим Ален, Џоан Кјузак
Содржина:
„Приказна за играчките“ е еден од најуспешните и најпознатите компјутерски анимирани серијали на Пиксар. Првиот филм од серијалот е направен уште во 1995 год., и воедно е и првиот долгометражен филм кој е целосно компјутерски анимиран. Третиот дел е првично најавен како проект на Дизни, кој требаше да се реализира независно од оригиналните автори и тех. поддршка на Пиксар. Но, по обединувањето на Пиксар и Дизни, проектот се враќа во студијата на Пиксар. Така, оригиналниот режисер на првите два дела станува извршен продуцент на третиот дел, а пак, одговорниот за монтажа – режисер на филмот. На овогодинешното доделување на наградите Оскар „Приказна за играчките“, освои Оскар за најдобар анимиран филм и за најдобра песна.
Импресивната актерска екипа која ги позајмува гласовите на ликовите во филмот не се менува. Но сепак, креативниот тим се разликува доволно квалитативно за да донесе есенцијално освежување во серијалот. Не случајно, првичниот прием и рецензиите за филмот се одлични: „„Приказна за играчките 3“ е можеби и најдобриот дел во серијалот“.
Во третиот дел, продолжуваат авантурите на Вуди, Баз и нивната дружина на играчки. Но сега, заплетот е околу одењето на колеџ на нивниот сопственик Енди, кој ги остава неговите играчки во центар за дневен престој на деца. Играчките таму запознаваат нови пријатели (меѓу другите Кен и Барби) со кои почнуваат да прават план за бегство од Центарот и да го најдат Енди.
_________________________________
Билетите за проекциите можат да се купат на касата на Кино Милениум, секој ден од 10:30 до 22:30 часот, по цена од 150 денари.