Изложба „110 години од раѓањето на Личеноски“ во Даут-пашин амам

Во објектот Даут-пашин амам, кој е дел од НУ Националната галерија на Македонија, на 23 март 2011 година (среда), во 19 часот, ќе се отвори јубилејната изложба 110 години од раѓањето на Лазар Личеноски.

Изложбата ќе ја отворат г-ѓа Елизабета Канчевска Милевска, министер за култура на Република Македонија, г-ѓа Маја Крстевска, директор на НУ Националната галерија на Македонија и Владимир Георгиевски, професор на Архитектонскиот факултет.

Изложбата е подржана од Министерството за култура на Република Македонија.

You May Also Like