„Еко-етно Македонија“ како дел од „Агрофуд 2010“

Еко-етно Македонија

Министерството за култура ги сублимираше идеите од граѓаните во рамките на проектот „Ден на идеи“ и веќе ја реализира првата идеја предложена од г-ѓа Соња Трајковска.

Идејата на г-ѓа Трајковска за поставување изложба со етномотиви автентични за македонското поднебје се реализира во рамките на манифестацијата „ЕКО-ЕТНО МАКЕДОНИЈА“ на меѓународната саемска  манифестација „Агрофуд“.

Министерството за култура со реализацијата на оваа идеја дава придонес во развојот на инвестициските потенцијали на регионите во државава и во развојот на културниот, селскиот и етнотуризмот во Македонија.

Преку реализацијата на овој проект – етнокатче, Министерството за култура јасно ги изразува своите заложби за развојот на традиционалното производство и го поддржува настојувањето за зачувување на традицијата, бидејќи токму преку неа ги зачувуваме нашиот идентитет и нашите културни вредности.

Реализацијата на првата идеја од проектот на Владата на Република Македонија за реализација на проектите, идеите и иницијативите на  граѓаните на Република Македонија во рамките на проектот „Ден на идеи“ ја оствари  Музејот на Македонија.

You May Also Like