Марчело во Хавана + гратис влезници

Концерт на српската рап икона Марчело, овој пат придружуван од своите Филтери. Во четврток (24ти Март, 2011 година) со почеток во 23:00 часот, во клубот Хавана ќе се одржи концертот на највлијателниот српски рапер Марко Шелиќ, познат како Марчело.

Марчело успечно опстојува на рап сцената веќе 10 години. Во Ноември 2010 година го издава својот четврти по ред студиски албум насловен како “Деца и Сонце “, во соработка со својата група Филтери.

Организаторите на овој концерт најавуваат незаборавен повеќе часовен настап, во кој ќе уживате во изведбите на Takav da mirno spava, Mamica, Sindrom Pepeljuge како и постарите хитови Otkucaji, Sveti bes, Pozeriste итн.

Картите се пуштени во претпродажба од 17.03.2011 во Custum Pub и на билетара во клуб Хавана , по цена од 200 денари, а на врата после 00:30 часот влезниците ќе бидат по цена од 300 денари.

Бројот на карти е ограничен , па затоа побрзајте да си купите влезница , бидејќи ова е дефинитивно настап кој не смеете да го пропуштите !

___________________________

Првите седуммина кои ќе остават коментар на сајтот, со свое име и прeзиме, ќе добијат по една влезница за во четврток. Билетите ќе може да ги подигнат на самиот влез во клубот Хавана, пред почетокот на концерот (ќе бидат ставени на список)

You May Also Like