Започнува манифестацијата „Топол културен бран“

Министерот за култура Елизабета Канческа-  Милевска утре (понеделник, 18 јули 2011 година) во Националната галерија на Македонија (објект „Мала станица“) со почеток во 11:00 часот, ќе се обрати на прес-конференција по повод 4-то издание на манифестацијата „Топол културен бран“ која ќе се одвива во вкупно 21 општина низ целата држава, во две етапи, и тоа од 20 до 31 јули и од 20 до 31 август.

На прес-конференцијата ќе бидат присутни и градоначалници на општините каде што во текот на летниот период ќе се одвиваат културните настани кои се дел од овој проект за дисперзија на културата на локално ниво.

You May Also Like