Во текот на вчерашниот ден (сабота, 16 јули 2011 година) во Галичник, срцето на Мијачијата, беше поставен споменик на великанот на македонската лексикографија, големиот Ѓорѓија Пулевски.
Несомнено со подигањето на ова спомен обележје на Ѓорѓија Пулевски покажуваме свест за нашата традиција и грижа за нејзино зачувување, осветлување и афирмирање.
Изработката на оваа монументална бронзена скулптура која е креативна творба на академскиот уметник Сретко Јовановски, е инспирирана од големината на ликот и делото на Пулевски. Оваа креација е и несоборлив доказ за културното и духовното наследство на Република Македонија и на народот кој живее на овие простори.
Споменикот е финансиран од страна на Министерството за култура на Република Македонија и бизнисменот Минчо Јорданов.
Деновиве во Галичник се случуваат бројни настани и манифестации, а круната на случувањата е денес (17 јули 2011 година) воочи Петровден, традиционалната Галичка свадба.