Утре (петок), 06.05.2011 година, во 11 часот, во Салата за состаноци на кабинетот на градоначалникот на Град Скопје, ќе се одржи конференција за медиуми по повод претстојниот 5-ти СКОПСКИ МАРАТОН 2011.
На конференцијата ќе присуствуваат градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Диме Спасов, директорот на маратонот Кире Синадиновски, којшто воедно е и претседател на Атлетскиот клуб „Работнички“ како и член на извршниот одбор на Атлетската федерација на Македонија, институции што се дел од организацијата на Скопскиот маратон, а се очекува да присуствуваат и претставници на Мисијата на Европската унија во Република Македонија.
Скопскиот маратон, годинава ќе се одржи на 8-ми мај, а како традиционална манифестација е во организација на Град Скопје, Сојузот на спортови на Скопје, Атлетската федерација на Македонија и Атлетскиот клуб „Работнички“ и Мисијата на ЕУ во Република Македонија.