Филип Втори Арена се отвара на Велигден

Само десет дена до пуштањето во употреба на Филип Втори Арената. На 24 април, прв ден Велигден, таа ќе биде ставена во функција. Нашиот старо/нов фудбалски храм, прерасна во спортска арена од светска класа.

Со интензивна работа во изминатите 3 години, од обичен стадион кој едвај ги исполнуваше меѓународните стандарди, прерасна во храм на спортот во 35 000 седишта, новинарски ложи, ВИП сектор, простории според светски стандарди и огромен подтрибински простор.

Се планира во иднина, во целост да се промени теренот, да се постави нова атлетска патека, како и да се направи надворешна обвивка околу стадионот, кој би бил целосно илуминиран.

You May Also Like