Викендов несовесен граѓанин кој управувал со туристички автобус го уништил зеленилото пред паркиралиштето кај Зоолошката градина и целосно ја оштетил поставената хидрантска мрежа. Стручните служби од Градот Скопје во моментов ја утврдуваат висината на направената материјална штета.
Случајот е пријавен во полицијата и во прилог со пријавата им се доставени и аматерски фотографии коишто ги снимил случаен минувач, а ги објави порталот www.zase.mk . Градот Скопје изразува благодарност до порталот за објавените фотографии.
Доколку граѓаните имаат каква било информација за можниот сторител на овој вандалски чин, Градот Скопје ги замолува да се обратат до најблиската полициска станица. Градот апелира, и воедно ги замолува граѓаните да ги чуваат зелените јавни површини, поставената урбана опрема и да се придржуваат кон комуналниот ред.