НУБ „Св.Климент Охридски“ утре ќе чествува по повод два јубилеи

Министерот за култура Елизабета Канческа – Милевска утре (среда, 29 јуни 2011 година), во 11:00 часот во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ ќе се обрати на свеченоста по повод 150-годишнината од издавањето на „Зборникот на браќата Миладиновци“ и 50-годишнината од манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“.

На свеченото одбележување на двата големи јубилеја, реч за капиталното дело на струшките браќа ќе одржи Раде Силјан, претседател на Друштвото на писателите на Македонија, а за претстојниот јубилеј на СВП -50 години во слава на поезијата, ќе зборува директорот на манифестацијата, Данило Коцевски.

You May Also Like