Ликовна манифестација Виниче

Во манастирскиот комплекс „Свети Илија“ во селото Виниче, по шестти пат ќе се одржи традиционалната ликовна манифестација „Виниче“.

На истата ќе учествуваат ученици од сите основни училишта од општина Гази Баба, членови на ликовните секции.

Манифестацијата ќе биде збогатена со културно – забавна програма, на која ќе настапат ученици од ОУ „Наум Охридски“.

Манифестацијата ќе ја отвори Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, кој по изборот на најдобрите дела ќе ги додели наградите.

You May Also Like