Во период во кој изложбите се откажани, како и секоја форма на масовни посети во затворен простор, COOLTURA.mk ви овозможува да уживате во убавата уметност.
Ви ја претставуваме последната изложба која беше поставена во Националната галерија на Македонија (во објектот Чифте амам), во пресрет на пандемијата која неочекувано ескалираше во светски рамки. Истата беше спремна и поставена, како јубилејна изложба со женска тематика, во по повод празникот на жената, 8 март.
За сите вас кои вас кои немавте можност да ја погледнете истата, погледнете ја изложбата „Соблечени: Женскиот акт како контекст“ со дела од колекцијата на Националната галерија на Македонија.