Во САД на 87-годишна возраст денеска почина Литл Ричард, пејач, пијанист и композитор. Неговото крстено име беше Ричард Вејн Пениман.
Синот на музичарот, Дени Пениман ја потврди информацијата за смртта на неговиот татко. Се дознава дека причината за смртта е рак.
Литл Ричард се смета за еден од основчите на рок енд ролот.
Се здоби со светска слава по неколку синглови како „Tutti Frutti”, „Long Tall Sally”, „She’s Got It” издадени во 1950-те години. Песните се препеани од многу музичари и артисти како Елвис Присли.
Пејачот е дел од Холот на рокенрол славните, од 1986 година и беше еден од првите со ова признание.