Легендарниот македонски бенд „Last Expedition” се екипира за реализација на нов, онлајн видео спот за нивниот голем хит „Шефе”!
Карантинот инспирираше многу уметници низ целиот свет, да покажат солидарност и емпатија преку својата уметност, па членовите на „Last Expedition” одлучија тоа да го направат со ново онлајн видео за песната која обележува еден период од македонската алтернативна музичка историја.
Бендот ги кани своите фанови да учествуваат во нивната нова музичка авантура, за што треба да се пријават на линкот до фб евентот, а понатаму ќе им бидат објаснети сите инструкции.
„Членовите на „Last Expedition”, по примерот на големите светски бендови те канат на интересна мисија. Во среда на 13-ти мај ќе се снима нов спот за култната нумера “Шефе”, и тоа онлајн преку каналот Zoom! Сѐ што треба да направиш е само да се пријавиш на фејсбук евентот дека сакаш да си дел од оваа музичка авантура, а за следните чекори ќе добиеш информација веднаш по твоето пријавување! Биди и ти дел од историјата! Биди Последната експедиција!”, се вели во поканата што бендот ја упати до сите заинтересирани.