Изложба на студентите од ФЛУ во Чифте амам

Министерот за култура Елизабета Канческа – Милевска вечерва (петок) 13 мај, во 19 часот во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, ќе ја отвори изложбата на студентите од трета и четврта година од Факултетот за ликовни уметности, посветена на големиот јубилеј „110 години од раѓањето на Лазар Личеноски и 100 години од раѓањето на Љубомир Белогаски“.

Како дел од активностите за одбележување на јубилејот, министерката Канческа – Милевска на четворица студенти ќе им додели награди за креативни достигнувања.

Изложбата е организирана од Министерството за култура на Република Македонија, Факултетот за ликовни уметности и Националната галерија на Македонија.

Излозбата ќе ја отворат г-ѓа Маја Крстевска, директор на Национална галерија на Македонија, професор Јован Шумковски, декан на Факултетот за ликовни уметности и г-ѓа Елизабета Канческа-Милевска, министер за култура на Република Македонија.

You May Also Like