На 28 март во ЈУ Дом на културата „Кочо Рацин“ во Скопје во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата за деца „Збунки“ од Ана Цветаноска. Ова е прва книга за деца од авторката. Промоторка на книгата е д-р Марина Мијаковска.
Во рецензијата Мијаковска за оваа книга со пиеси за деца вели: „Книгата за деца „Збунки“ од Ана Цветаноска носи силни дидактички пораки и е во дослух со современиот стил на живеење и создавање. Сметам дека оваа ретка и квалитетна книга наменета за децата од училишната возраст би била корисна за педагошко-воспитната практика во основните училишта. Покрај тоа што оваа книга е убава за читање; би била добра и за да се изведе на сцена со збогатен декор, театарски предмети и реквизити, во убави костими преку актерска игра.“