Власите ќе го прославуваат својот национален ден во Битола

Комуната на Власите „Браќа Манаки“ од Битола ќе го обележи националниот ден на Власите 23 Мај, започнувајќи со богослужба на влашки јазик во црквата „Св. Димитриј“ – село Магарево.

Припадниците на оваа заедница својот национален ден го прославуваат од 1981 а веќе од 2004 година е прогласен за државен празник и неработен ден за Власите во Република Македонија. Одржувањето на ваквите церемонии се потпомогнати од Министерството за култура и Општина Битола.

Автор: Љубица Поповска

You May Also Like