Министерот за одбрана Зоран Коњановски, денес со почеток во 11:00 часот во старата касарна „Стеван Наумов-Стив“ во Битола на министерката за култура Елизабета Канческа–Милевска официјално ќе и ја предаде Одлуката со која на Министерството за култура му се доделуваат четири објекти во трајна вредност без надоместок.
Досегашните објекти кои беа во сопственост на Министерството за одбрана се во рамките на Споменичната целина Џепане, сега ќе бидат отстапени за користење на НУ Завод за заштита на спомениците на култура и музеј во Битола.