Nature meets technology, работилница за звук во природна средина, се одржува во село Лазарополе од 22 до 24 јуни 2012.
Во организација на post global recordings & co-linear во селото Лазарополе од 22-24 јуни 2012 се одвива работилница за звук и теренски снимки под име Nature meets technology. Nature meets technology е работилница за звучен пејзаж и теренски снимки, каде уметниците што сакаат природа и звук и имаат сличен пристап кон музиката и животот, ќе имаат можност се соберат на едно прекрасно место и заедно да работат, создаваат, да ја претстават својата работа, да соработуваат и да уживаат во природата.
Се работи за интерактивна работилница наменета за локални артист и млади кој се заинтересирани за звук, теренско снимање, аудио монтажа и продукција, радио арт, саундарт и сл. и сите оние кој имаат интерес да се запознаат со основите на звучната уметност. Работилницата се состои од работни сесии, кратки предавања, презентации, дискусии, теренско снимање на звуци и практична работа во природа, како и поединечни и групни настапи и импровизациски сесии на отворен простор, каде низ текот на оваа работилница имаат можност прво теоретски да се запознаат со проблематиката и начинот на работа, а потоа и практично се запознаат со концептот на теренско снимање со преносни аудио снимачи, како и целосен третман на снимениот звук од трансфер, монтажа, процесирање, секвенцирање па се до креирање, продукција и изведба на конкретна звучна форма.
Работилницата ја водат кураторите Тони Диимтров и Сашe Пуцковски, а на работилницата учествуваат етаблирани музичари од македонската електронскa сцена. Резултатот од ова работилница ќе се претстави со импровизациски сесии во рамките на самиот настан во Лазарополе, а добиените снимки во нивната завршна форма ќе се издадат како колаборативно издание помеѓу етикетите кој стојат позади проектот, post global recordings и co-linear.
Ова е еден чекор кон креирање на своевидна аудио заедница која ќе ги има сите параметри на една здрава сцена која меѓусебно ќе комуницира и соработува во иднина. Работилницата е втора во серијата работилници од овој тип (по работилницата за звучен пејзаж во урбана средина), а во план е иницијативата да продолжи и да се развива понатаму.