Филип Кирјаку со видео запис за „Само еден ден“

Вистинско задоволство е да се биде на „свој терен“ и со вистински професионалци. Спотот беше сниман за само еден ден во Солун, каде што моментално студирам и живеам и многу сум задоволен од раскажаното во него. Јас навистина верувам дека за само еден ден може да ни се промени животот, да ни се остварат соништата, вели младиот Филип.

Само еден ден, само една ноќ се потребни да сите соништа се остварат и сите патишта се поминат- ова е само дел од песната на Филип Кирјаку за која деновиве беше снимен и видео запис. Режисерскиот двоец Владимир Дади Ивановски и Нена Зафировска ја раскажа приказната за темата на овој млад изведувач.

Гоце Симоновски е автор на музиката и аранжманот, а текстот е на Роберт Матовски. Горила продукција најавува соработка и со други македонски и странски изведувачи кои не се нејзини ексклузивци, се со цел зголемување на квалитетот и вистински професионален пристап кон правењето музика, нејзината изведба и создавањето видео записи кои ќе останат запаметени.



You May Also Like