Бит Фест: Изворна музика, изложба на фотографии и карикатури и рок хепенинг

Во Центарот за култура стартува АРТ ФЕСТ, на плоштадот Магнолија проектот „Народна вртелешка“, а во Градскиот парк Mладински рок хепенинг.

Вечер (петок, 13 јули) во 20 часот во Центарот за култура изложба на фотографии на тема Битола (автентични и карактеристични локации од регионот на Општина Битола. Оваа изложба покрај тоа што е средство за изразување на авторот кој преку фотографии ќе раскажува една приказна, ќе побуди интерес и со прикажувањето на фрагменти од Битола и нејзината околина во едно ново светло.

Македонскиот изворен, автентичен фолклор, старите македонски инструменти, изворните македонски носии, традиционалниот македонски вез и ора се дел од проектот „Народна вртелешка“, закажан вечер на плоштадот Магнолија.

Дел од АРТ ФЕСТОТ е и Младинскиот рок хепенинг со термин во 21:00 часот во Градскиот парк.

————————————————————–

Битола е град што се гордее со своето културно – историско наследство. Град кој низ векови ја негува културата. Ова е еден од проектите со кои се врши промовирање и афирмација на уметници од Битола кои немале можност да учествуваат или организираат самостојна изложба.

Подигнување на културниот капацитет и збогатување на културниот живот на граѓаните на Општина Битола.

Поттикнување на активностите на пасивните уметници во областа на културата, но и презентација на дела кои ќе се истакнат со својата различност и нестандардност.

Созадавање на можности за комуникација и соработка со уметници од Р.Македонија и странство.

Целна група на АРТ ФЕСТ се сите оние кои што активно се занимаваат со уметност и сакаат да ја презентираат пред пошироката битолска публика како и сите вљубеници во уметноста кои секогаш сакаат да погледнат нешто ново и различно.

You May Also Like