Асоцијација 615 прави Битола да стане упориште на електронската музика благодарение на оригиналните локации кои ги приспособува тимот на 615. Со одличен состав на диџеи кои со нетрпение очекуваат да ја потрошат својата муниција со високо количество на бас во поранешната битолска касарна „Стив Наумов“ , утре вечер (сабота, 14.07.2012) со почеток во 21:30 часот.
Настанот ќе се одржи на вториот полигон позади Правниот факултет, а влезот ќе биде од главната капија.
Артисти:
Anomalia Nativa
Nascor San
Bass infuzija
Влезот за овој настан е слободен.
Проследете го овој видео клип од минатогодишниот настан Смотра vol. I кој беше посетен од преку 1000 млади луѓе: