Премиера на театарската претстава ЦРНИЛА РЕМИКС која ќе биде дел од годинешното издание на ЗДРАВО МЛАДИ, кое ќе се оддржи на 1 септември во МКЦ Скопје.
„Црнила ремикс“ е едно поразлично видување на класичното драмско дело на Коле Чашуле ставено во контекст на урбан хип-хоп албум.
Музичко драмски перформанс со несекојдневен пристап, со специфична актерска изведба, кој низ оригиналните препев и музика на „Зад Аголот“ не носи во еден нов сублимат помеѓу драмата и хип-хоп субкултурата.
Идеја и режија: Јордан Симонов, Музика и препев: Дарко Димитриески и Павле Димковски („Зад Аголот“)
Улоги:
Луков: Стефан Вујисиќ, Фезлиев: Александар Михајловски Хонда, Иван: Владимир Петровиќ, Методи: Горан Ников, Младичот: Ненад Анѓелковиќ, Неда: Сања Арсовска, Христов: Павле Димковски
Асистент на режија: Виктор Рубен
Сценограф и костимограф: Илина Ангеловска
Видео: Милан Блажевски
Дизајнер на тон: Симон Кипровски
Дизајнер на светло: Илија Тарчуловски
Графички дизајн: Бисера Михајловска
Фото: Кире Галевски
Билети за фестивалот Здраво Млади во продажба преку продажната мрежа на МК Тикетс и на Билетарница МКЦ (до 16 август Билетарница МКЦ со работно време од 16:00 до 20:00) по цена од 600 денари.
На денот на фестивалот цената на билетот ќе изнесува 800 денари.
На годинешното издание на Здраво Млади ќе имате можност да ги видете и слушнете следните изведувачи:
Cigarettes After Sex (САД), Wooden Shjips (САД), Repetitor (Србија), Blanck Mass (Англија), Flohio (Англија), Palindrom (Македонија), Eric Copeland (САД), DJ Fitz (Р.Ирска), Donplaya X Bon Praskiza (Македонија), Druggy (Македонија), Ogie x Petr (Македонија), ЦРНИЛА РЕМИКС (премиера)
ЈУНИОР ПРОГРАМА (почеток 12:00) 5+ Бенд