„Механичарот“ во кино Милениум од вечерва

Aмериканскиот акционен  трилер „Механичарот“ ( “The Mechanic “ ) со Џејсон Стетхем, од вечерва на репертоарот на Градско кино Милениум, во термините од 20 и 22:30 часот.

Овој 93 минутен филмски хит е во режија на Симон Вест, а останатите улоги ги толкуваат Бен Фостер и Тони Голдвин. Филмот е римејк на истоимениот филм од 1972 година, со Чарлс Бронсон. Оригиналните филмски продуценти, Ирвин Винклер и Роберт Чартоф, посакале повторно да се снима современа верзија од филмот, а правата за филмот во февруари 2009-та, се доделени на Берлинскиот филмски фестивал. Весникот Варајети пренесе дека сценариото за филмот го напишал Карл Гајдусек.

Вест и Стетхем се најавени како дел од екипата во мај, истата година. Во октомври 2009 година, Бен Фостер и Доналд Садерленд учествуваат на кастингот покрај Стетхем. Снимањето на филмот почнува на 14 октомври 2009 година во Њу Орлеанс, Луизијана, и трае цели девет недели. Преостанати локации на којшто се снима филмот се Св. Тамани Париш, зградата на Светскиот трговски центар во Њу Орлеанс, како и Алжирскиот пазар на морски плодови. Саундтракот за филмот е дело на Марк Ишам.

Артур Бишоп (Џејсон Стетхем) е „механичар” – елитен платен убиец со строг код на однесување и уникатен талент за безгрешна елиминација на целите. Работата којашто ја врши бара од него професионална перфекција и целосно жртвување, и затоа Бишоп е најдобар во тоа што го прави. Но, кога неговиот ментор и близок пријател Хери (Доналд Садерленд) го убиваат, несреќата емоционално го погодува Бишоп.

Неговата следна задача е да го најде убиецот на неговиот добар пријател и да го убие. Мисијата дополнително се компликува кога синот на неговиот пријател Хари, Стив (Бен Фостер) му приоѓа со истата одмаздничка цел и решителност да го научи бизнисот на Бишоп. Бишоп секогаш дејствувал сам, но во овој момент не може да го напушти Стив.

Билетите за проекциите може да се купат на касата на Градското Кино Милениум, секој ден од 10:30 до 22:30 часот.

You May Also Like