Горан Папаз наскоро со свое соло првенче

Саксофонистот на Суперхикс – Горан Папаз, атакува на македонската музичка сцена со “Разбуди се”. Тој се решава да направи нешто што до сега не е чуено на нашата естрада.

Наскоро ќе имаме можност да ја слушнеме неговата прва авторска песна, чиј наслов гласи „Разбуди се“ и која е првата инструментална песна отсвирена на саксофон, која некогаш била создадена кај нас.

Оваа песна е само најава за проектот кој следува од овој млад и талентиран музичар. Целта на “Разбуди се” е едноставно ширење на позитивни вибрации и примамување насмевки на секој кој ќе ја чуе.

Желбата на авторот е секој да си дозволи да ја почувствува енергијата која ја носи оваа песна и да ја разбере на свој,посебен начин. Како гостин се појавува рап артистот Даз Флоу ( Дарко Иваноски ) со свој авторски текст кој кратко, ама слатко ја надополнува оваа нумера.

Музиката и аранжманот се на Горан Папаз и Гоце Симоноски.

Премиерно, “Разбуди се” ќе биде пуштена на 15.04.2011 година, набрзо потоа ќе можеме да видиме и видео запис во режија на Лира Џокиќ.

You May Also Like