Тековен кино репертоар во Милениум

Во рамки на термините за проекција на Европски филмови, од понеделник до петок во 15ч. во кино Милениум неделава ќе се прикажува српскиот филм „Овој бел, бел свет“ (“White, White World “).

Во оваа 121 минутна филмска драма главните улоги ги толкуваат Јасна Џуричиќ и Уликс Фехмиу, а во режија на Олег Новковиќ.

„Овој бел, бел свет“ е модерна трагедија што се случува во рударскиот град Бор, некогаш симбол на индустрискиот напредок, а денес, на постиндустриската криза, којашто влијае врз целиот свет. Во таква средина се јавува страстна љубов меѓу темниот „немилосрден“ постар човек и загубената млада девојка.

Филмот “Овој бел, бел свет” ја имаше својата светска премиера на престижниот Меѓународен филмски фестивал во Локарно, каде што освои две награди: Награда за уметнички филм “Art Cinema Award” и Наградата за најдобра актерка, што и припадна на Јасна Џуричиќ. „Овој бел, бел свет” е снимен по сценарио на наградуваниот драмски автор Милена Марковиќ, базиран на класична грчка трагедија.

Црниот лебед
Црниот лебед

Во термините од 17:30 часот на репертоарот на Градското кино Милениум ќе продолжи да се прикажува „Црниот лебед“(“Black Swan“) во режија на Дарен Аронофски со Натали Портман, Винсент Касел, Мила Кунис и Винона Рајдер во главните ролји.

Од понеделник до петок во 13 часот и сабота и недела во 15 часот во Градското кино Милениум ќе продолжат проекциите на филмот на Мајкл Апдет „ Хрониките на Нарнија: Патувањето на Јавачот на Зората “ ( “The Chronicles of Narnia“: The Voyage of the Dawn Treader “) со Џорџи Хенли, Скандар Кејнз и Бен Барнс во главните улоги.

Матине проекциите во викендите, сабота и недела во 11 и 13 часот, се резервирани за анимираниот “Облачно со можност за врнежи од ќофтиња” („Cloudy With A Chance OF Meatballs“) во режија на Фил Лорд и Крис Милер, филм во којшто гласовите ги позајмуваат Бил Хадер, Ана Фарис и Џејмс Кан.

Билетите за проекциите може да се купат на касата на Градското Кино Милениум, секој ден од 10:30 до 22:30 часот.

You May Also Like