Денес, (вторник, 7 јуни 2011 година) во 10:00 часот, Градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски, Претставници од СОС Детско село, претставник од Невладина хуманитарна организација „Линк Акрос“ Џонатан Мангелс, како и претставници од градинката “25 Мај” ќе го отворат детското забавно игралиштето од затворен тип, кое се наоѓа во објектот Искра во склоп на детската градинка „25 Мај“.
За реализацијата на овој проект, инициран од „Линк Акрос“ како донатор на реквизитите, Општината обезбеди и реновираше просторија, а се со цел создавање на пријатно место за дружење каде ќе се овозможи развој на детската креативност, физички активности, поттикнување ги повозрасните лица да поминуваат повеќе време играјќи со нивните деца.
Овој простор најповеќе ќе го користат децата кои престојуваат во објектот Искра, како и децата од СОС Детското село.